ОН: Не можеме да испорачаме итна помош за Газа

Од:

Хуманитарните организации со денови не можат да ја достават итно потребната помош за спасување животи во северниот дел на Газа, велат од агенцијата за итна помош на ОН, OCHA.

OCHA соопшти дека ОН и партнерските организации веќе четири дена не можат да достават хуманитарна помош северно од реката Вади Газа, бидејќи им бил забранет пристапот и дека борбите продолжуваат во областа.

Итно потребните средства за помош вклучуваат лекови за снабдување на повеќе од 100.000 луѓе за еден месец. OCHA повика на итен, безбеден, одржлив и непречен хуманитарен пристап до областите северно од Вади Газа, кои се отсечени од југ повеќе од еден месец.

Во Појасот Газа веќе трет месец беснее војната меѓу Израел и исламистичката организација Хамас. Според здравствените власти на Хамас, бројот на убиени Палестинци се искачи на 22.438, од кои огромното мнозинство се цивили.

Израелската инвазија на Појасот Газа е одговор на нападите што Хамас ги изврши во Израел на 7 октомври. Загинаа околу 1.200 луѓе, меѓу кои повеќе од 800 цивили.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас