Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 22.438 Палестинци, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство на палестинската енклава Ашраф Ал Кудра.
Според неговите изјави, од 7 октомври досега се ранети уште 57.614 од нив, пренесе Ројтерс.
Само во изминатите 24 часа загинаа 125 Палестинци, а 318 се ранети, се додава во соопштението.