Руските сили денеска изведуваат еден од најжестоките напади на Украина од почетокот на војната. Покрај главниот град Киев, нападнат е и Харков. Според последните информации, загинати се најмалку пет лица.
Претседателката на парламентарната комисија за интеграција на Украина во ЕУ, Ивана Климпуш, вели дека е потребна „итна акција“ на меѓународните сојузници на Украина за да се зголемат капацитетите за противвоздушна одбрана.
Таа додава дека ова бил еден од најсилните воздушни напади врз Украина од почетокот на војната.
„Ова нема да биде готово додека Русија не биде поразена“, напиша таа на Твитер.
The Kharkiv patrol police publishes footage from the video recorder of the police officers who were the first to arrive at the scene of the impact pic.twitter.com/latn0rBurP
— NEXTA (@nexta_tv) January 2, 2024
Најмалку пет лица загинаа, а десетици се ранети во напад со ракета и беспилотно летало врз Киев и североисточниот град Харков, соопштија украинските власти. Претходно се зборуваше за четири загинати лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека две лица загинале откако висококатница се запалила од руски ракетен напад во областа Соломјанск.
Во Харков, 91-годишна жена загина во ракетен напад што остави кратер длабок неколку метри во близина на оштетените станбени згради, изјави Олех Синехубов, регионален гувернер на Харков. Брачна двојка загина, а 11 лица се повредени во област надвор од Киев, соопшти регионалната администрација.