Руска реакција за нападот на Белгород: Ова злосторство нема да остане неказнето

Од:

Руското Министерство за одбрана навести одмазда за украинското гранатирање на Белгород. „Киевскиот режим, кој го изврши ова злосторство, се обидува да го оттргне вниманието од поразот на фронтот и сака да не испровоцира на слични акции“, велат од Министерството. „Нагласуваме дека руските вооружени сили целат само на воени објекти и инфраструктура директно поврзана со нив. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Ова злосторство нема да остане неказнето“, додаде тој.

Според последните информации, 14 лица загинаа, а 108 се повредени во украинскиот напад на Белгород, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. „Загинаа 12 возрасни и две деца. Уште 108 лица се повредени, меѓу кои 15 деца“, соопшти Министерството.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за украинскиот напад врз Белгород, соопшти Кремљ.

„Претседателот Владимир Путин е информиран за нападот на украинските вооружени сили врз станбените области во Белгород“, изјави портпаролот Дмитриј Песков за новинската агенција ТАСС. Песков додаде дека претседателот наредил испраќање тим од руското Министерство за здравство, предводен од министерот Михаил Мурашко, и спасувачи од Министерството за вонредни ситуации во градот за да им помогнат на погодените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски