Во тек е жесток напад на руски Белгород. Според снимките на социјалните мрежи, низ градот се случиле повеќе експлозии. Жителите споделуваат видеа каде се слушаат врисоци и се гледа чад во центарот.
⚡️Russian media report explosions in #Belgorod. Smoke is rising in the city center. pic.twitter.com/bH8uroS8eX
— KyivPost (@KyivPost) December 30, 2023
Белгород е град на границата на Русија и Украина, а досега беше честа мета на украински напади. Вчера имаше еден од најголемите воздушни напади врз Украина од почетокот на војната, а беа нападнати и бројни украински градови.
⚡️ More footage from belgorod.
Videos from local social media.
👉 Follow @Flash_news_ua pic.twitter.com/HHozrpTEwF
— FLASH (@Flash_news_ua) December 30, 2023
Како што пишува агенцијата Некста, загинале најмалку четири лица. „Сите жители треба да одат во прифатилишта. Опасноста продолжува“, најави локалниот гувернер Гладков.
Според некои информации, а како што може да се види од видеото, гори плоштадот во градот.