Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 21.320 Палестинци, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кидра.
Тој изјави дека во израелските напади досега се ранети 55.603 лица, пренесува Ројтерс.
Ал Кидра рече дека во последните 24 часа во Појасот Газа биле убиени 210 Палестинци.