Израелските војници денеска извршија рација во неколку менувачници во Рамала и други градови на окупираниот Западен Брег, при што запленија милиони долари.
Израел тврди дека тие обезбедувале средства за групи како Хамас, јавува Би-Би-Си.
Палестинската новинска агенција „Вафа“ објави дека војниците „уапсија неколку сопственици на менувачници и заплениле пари од нивните сефови“.
За време на операцијата, пронајдени се терористички средства и запленети се десетици милиони шекели, сефови, документи, системи за снимање и телефони, соопшти израелската армија.
Најмалку едно лице загина, а 14 се ранети за време на рациите во Рамала, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Обединетите нации предупредија дека состојбата со човековите права на окупираниот Западен Брег брзо се влошува.