Полиција од Скопје денеска на територија на Бит-пазар во Скопје го уапси 35-годишниот В.В. (35) од Скопје кој бил затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, запленети се вкупно 2.619 разновидни пиротехнички средства.
-По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.