Израелската армија (ИДФ) тврди дека нејзини членови го убиле Хасан Ал-Атраш, официјален претставник на Хамас задолжен за снабдување на военото крило на милитантната група, за време на воздушен напад врз Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа.
Ал Атраш, според ИДФ, бил одговорен за снабдување и производство на оружје за Хамас, како и за шверц на оружје од различни земји во Појасот Газа.
Како што се додава, Ал-Атраш бил вклучен и во снабдувањето со оружје на терористите на Западниот Брег.
ИДФ објави видео од нападот на Рафах, додека палестинските медиуми објавија дека најмалку три лица загинале во воздушниот напад, пишува The Times of Israel.