Во последните 24 часа во израелски напади загинале 201 Палестинец, а 368 се ранети, соопшти Министерството за здравство од Газа.
Така, како што се наведува, вкупниот број на загинати Палестинци од 7 октомври достигна 20.258, додека 53.688 лица се ранети.
Ројтерс додава дека дел од луѓето останале затрупани под урнатините и дека ова не е конечниот број на жртви.