Гебрејесус: Најитно барање е итен прекин на огнот во Појасот Газа

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ја поздрави резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за Појасот Газа, наведувајќи дека таа ја нагласува потребата од итни паузи и хуманитарни коридори за да се обезбеди безбедна испорака на храна и медицински материјали до секој на кој му е потребна.

Покрај тоа, резолуцијата бара итно и безусловно ослободување на сите заложници, заедно со решавање на нивните медицински проблеми, напиша Гебрејесус на мрежата Х.

„Ова покажува редок знак на согласност меѓу членките на Советот за безбедност за време на овој конфликт, што е позитивен чекор напред. Сепак, најитното барање за жителите на Газа е итен прекин на огнот“, рече шефот на СЗО.

Тој посочи дека не можат да се игнорираат разорните последици од претходните конфликти во Појасот Газа, вклучително и смртта на повеќе од 20.000 луѓе, главно жени и деца и повеќе од 53.000 ранети.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас