Петнаесетгодишно момче загина во близина на железничката пруга во Ваљево, откако се качило на вагон на железничката станица и се фатило за електричен кабел, соопштија за Танјуг во полициската управа во Ваљево.
Исчезнувањето на момчето во полициската управа во Ваљево го пријавила неговата газдарица.
Момчето синоќа околу 23 часот излегло на прошетка и не се вратило во станот.
Телото на момчето било пронајдено денес, а причината за смртта била утврдена со судска обдукција во Општата болница во Ваљево.