ОН: Израел создава огромни пречки за дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа

Од:

Израел продолжи да ја бомбардира палестинската енклава, а шефот на ОН го осуди за создавање „огромни пречки“ за дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа со својата воена операција. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека начинот на кој Израел ја спроведува својата воена операција „создава огромни пречки за дистрибуцијата на хуманитарна помош“ во Газа. ОН предупредуваат дека само 10 отсто од помошта потребна за погодената енклава пристигнува во Газа.

По неколкудневно одложување на гласањето и интензивни преговори за да се избегне заканата од американско вето, Советот за безбедност на ОН вчера усвои ослабена резолуција со која се повикува на чекори за да се овозможи „безбеден, непречен и проширен хуманитарен пристап“ до Газа и „услови за одржлив крај“ на борбите.

Гилад Ердан, амбасадор на Израел во ОН, рече дека Советот за безбедност требало повеќе да се фокусира на ослободувањето на заложниците и дека фокусот на „механизмите за помош“ е непотребен бидејќи Израел дозволил „испорака на помош до степен што е неопходен“. Според израелските податоци, од почетокот на војната, 5.405 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа со храна, вода и медицински материјали.

Министерството за здравство во Газа објави дека повеќе од 20.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 53.000 се ранети од почетокот на војната. ври.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас