Главниот град на Украина Киев рано утринава беше под масовен напад од руски беспилотни летала, при што градоначалникот Виталиј Кличко и други официјални лица пријавија напади на неколку станбени области.
Кличко рече дека дронот удрил во станбен блок во населбата Соломјански, јужно од центарот на градот, предизвикувајќи пожар. „Горните катови горат. Екипите за итна помош се на терен“, рече тој.
The moment shahed flew into a residential building in Kyiv just now.. pic.twitter.com/Etdf8ZNlg2
— Julia (@juliasskrs) December 21, 2023
Остатоци од дронот удриле во зградата, искршени се стаклата, штетата е голема
Тој извести и за напад со дрон врз приватна куќа во областа Дарнички, на источниот брег на реката Днепар што минува низ градот. Едно лице е повредено, а екипа на Итна помош е на терен.
Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко, извести дека остатоците од соборениот дрон погодиле станбена зграда во областа Холосивски, исто така јужно од центарот на градот.
Попко објави слики на кои се гледаат скршени прозорци и големи оштетувања на становите.