Русија конечно во Светската трговска организација

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша протоколот за приклучување кон Светската трговска организација и му стави крај на процесот долг 18 години.

Протоколот кој ќе стапи на сила за 30 дена, долниот дом на рускиот парламент го ратификуваше на 10 јули, а горниот дом на 18 јули.

Русија досега беше најголемата економија која не беше член на глобалната трговска заедница.

Заговорниците за приклучување кон СТО сметаат дека тоа ќе и помогне на Русија да ги поттикне странските инвестиции.

Илјадници руски бизнисмени пак стравуваат дека ниските увозни царини и ограничените субвенции што е услов за членство во СТО ќе ја загрозат домашната економија.

Русија ќе стане 156 членка на СТО, 18 години откако ги почна преговорите за приклучување.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина