Абас: САД мора да го принудат Израел веднаш да го запре насилството

Од:

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска нагласи дека е неопходен итен прекин на израелската агресија врз Палестинците, особено во Појасот Газа.

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска разговараше со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Рамала.

Абас му рекол на Саливан, за време на состанокот на Западниот Брег, дека САД мора „да интервенираат и да го натераат Израел да ја прекине својата агресија врз народот на Западниот Брег, вклучувајќи го и окупираниот Ерусалим“.

Палестинскиот претседател побара и отворање на сите премини, зголемување на хуманитарната и медицинската помош, како и помош во храна и снабдување со вода, струја и гориво. Абас ја повтори потребата од отворање на сите премини, зголемување на испораката на хуманитарна, медицинска и прехранбена помош и брзо обезбедување на вода, струја и гориво.

Тој, исто така, ја повтори потребата од поправка на болниците и основните објекти во Газа, со цел да се овозможи лекување на бројните жртви и давање услуги на палестинското население.

Абас ја повика американската администрација да интервенира и да го принуди Израел да ја прекине својата агресија на Западниот Брег и окупираниот Источен Ерусалим. Агресијата вклучува упад во палестинските градови и бегалски кампови, убивање цивили, уништување инфраструктура, напади на исламски и христијански свети места и злосторства за етничко чистење, наведува агенцијата.

Претседателот на палестинските власти се осврна и на израелските казнени и репресивни мерки преземени против палестинските затвореници, повикувајќи на итен прекин на ваквите акции и насилство врз затворениците и палестинскиот народ.

Абас го повтори своето противење на присилното раселување на Палестинците, без разлика дали се во Газа или на Западниот Брег и Источен Ерусалим. Тој, исто така, ја повтори сеопфатната политичка визија, нагласувајќи ја неопходноста Палестина да постигне полноправно членство во Обединетите нации.

Абас истакна дека мирот и безбедноста во регионот може да се постигнат само преку имплементација на решение за две држави, засновано на резолуции за меѓународна легитимност, што ја вклучува целата држава Палестина на Западниот Брег, вклучително и Источен Ерусалим и Газа.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас