Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека го зазеле и уништиле штабот на баталјонот Хамас Шеџаја, со седиште во градот Газа.
Портпаролот на ИДФ, Авичај Адри на платформата Х објави дека борците на Хамас од таа единица биле „елиминирани“ со напади на авиони и тенкови, како и со помош на инженери кои урнале тунел во комплексот.
Областа Шеџаја е место на интензивни судири и израелските сили урнаа неколку станбени блокови на таа локација, додека девет војници на ИДФ беа убиени во заседа таму претходно оваа недела, јавува Би-Би-Си.