Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије вечерва изјави дека секој договор за Појасот Газа без Хамас е заблуда.
„Отворени сме да разговараме за какви било идеи или иницијативи кои ќе стават крај на израелската агресија“, рече Ханије во телевизиско обраќање.
Тој додаде дека Хамас е подготвен „да ја отвори вратата за обновување на палестинскиот дом во ред, и на Западниот Брег и во Појасот Газа“, објави Ројтерс.