Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ништо нема да го спречи Израел да ја уништи палестинската милитантна група Хамас.
„Ќе продолжиме до крај, до победа и додека Хамас не биде елиминиран. Ништо нема да не спречи“, рече Нетанјаху.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека Израел почнува да ја губи поддршката поради „недискриминирачкото“ бомбардирање на Газа, додавајќи дека Нетанјаху треба да ја смени својата „тврдокорна“ влада.
Околу 18.000 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври.