„Нашето ветување е просечната плата да биде 1.400 евра“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи ѝ се на јавноста.
„Србија мора да продолжи да се развива. Лесно можеме да се вратиме во времето кога нашиот динар не беше стабилен, времето на затворени фабрики, времето на отпуштања, времето на целосно уништена економија, пониски пензии“, рече Вучиќ.
Претседателот истакна дека развојот на Србија и приходите на граѓаните се многу важни работи.
„Нашето ветување е просечната плата да ни биде 1.400 евра, пензиите 600 евра, минималната плата над 650 евра. Тоа се многу важни работи“, рече Вучиќ.