Израелската армија (ИДФ) објави дека нејзината 98-ма дивизија влегла во Кан Јунис и почнала со операции во градот на југот на Појасот Газа.
ИДФ соопшти дека е извршен комбиниран напад во Кан Јунис врз штабот на палестинската милитантна група Хамас, пишува Тајмс оф Израел.
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ИДФ ја опколува куќата на највисокиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, во Појасот Газа.
„Синоќа реков дека нашите сили можат да стигнат каде било во Појасот Газа. Сега тие ја опкружуваат куќата на Синвар“, рече Нетанјаху.