СДСМ: Иницијатива и отворен повик за формирање на Европски фронт, започнува постапка за избор на кандидат за претседател

Од:

На вчерашната седница на Извршниот одбор СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ информираат од партијата.

– Во оваа насока СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт. СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година. Европски фронт за подобар, достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, социјална сигурност, владеење на право и унапредена демократија. Пред нашата земја и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Во името на следните генерации имаме обврска да ја реализираме заедно.СДСМ проактивно ќе учествува во формирањето на Европскиот фронт и подготвена е да води до остварување на врвната државна цел. Врз основа на овие политички принципи за формирање на Европски фронт Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидат за претседател.
Изборите ќе бидат во редовен термин, а за СДСМ е прифатливо крајот на април и почетокот на мај 2024 година да се одржат претседателските и парламентарните избори. СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно ќе ја формираме следната проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ, се вели во соопштнеието од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Aпелирам до СДСМ да не профитира политички од трагедијата во Кочани, вели премиерот Мицкоски

(ВИДЕО) Илиески: Драган Петрушев е заштитен од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Горан Наумовски

Филипче: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат вака влада

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази