Обвинителството и полицијата денеска ќе ги објават деталите за убиството на Вања

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска.

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство синоќа соопштија дека во близина на Скопје е пронајдено безживотното тело на 14-годишнината Вања која се водеше за исчезната од 27 ноември. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој се водеше за исчезнат од 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа од МВР, осомничени се пет лица.

– Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочија од МВР.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Според информацијата на МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, од МВР посочуваат, дека се преземени мерки и активности за нивно пронаоѓање. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и друго.

Извршен е увид на двете локации каде се пронајдени телата и издадена е наредба за обдуција. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации, информираа во заедничко соопштение Јавното обвинителство и МВР.

Од МВР информираат дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот, на 27 ноември од нејзината мајка. Последен пат била забележана во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци.

Би можело да ве интересира

Адвокатот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски

Катерина Ѓуровски

Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

А1он

Дедото на Вања Ѓорчевскa: Син ми беше зависник од дрога, ама се излекува пред да се ожени

А1он

Сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за убиството на Вања, имал паничен напад

А1он