Нов земјотрес на Филипините со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала

Од:

Вечерва околу 21 часот нов силен земјотрес ги погоди Филипините.

Според EMSC, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди филипинскиот остров Минданао.

Земјотресот бил на длабочина од 33 километри, а епицентарот е регистриран во близина на градот Бутуан.

Овој пат не беше објавена закана од цунами.

Вчера истото подрачје беше погодено од силен земјотрес чија јачина беше 7,5 степени според Рихтеровата скала, а потоа беше издадено предупредување за цунами.

Некои од сведочењата на ЕМСЦ велат дека тресењето траело околу 10 до 12 секунди.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Силен земјотрес го погоди филипинскиот остров Минданао

Филипините повторно ги погоди силен земјотрес

Нов силен земјотрес ги погоди Филипините

(ВИДЕО) Потресни снимки од страшниот земјотрес на Филипините: Во тек е евакуација на населението, штетата е голема

Горан Наумовски