Обединетото Кралство започна потрага по заложниците на Хамас

Од:

Обединетото Кралство денеска објави дека започнува со надзорни летови над Израел и Појасот Газа во потрага по заложници држени од Хамас.

Британското Министерство за одбрана објави дека авионите за надзор „ќе бидат невооружени, нема да имаат борбена улога и ќе имаат единствена задача да ги лоцираат заложниците“, пренесува Sky News.

„Само информациите поврзани со спасувањето на заложниците ќе бидат проследени до властите одговорни за спасување на заложниците“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека летовите ќе се вршат над источниот Медитеран, вклучително и оние во воздушниот простор над Израел и Газа.

Министерството за одбрана соопшти дека владата на Обединетото Кралство „работи со партнери од целиот регион за ослободување на заложниците, вклучително и британски државјани, кои беа киднапирани“ во нападот на Хамас на 7 октомври.

„Безбедноста на британските граѓани е наш највисок приоритет“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

Британската војска ги распореди своите сили во источниот Медитеран една недела по нападот на 7 октомври, кога авиони на РАФ и бродови на Кралската морнарица беа испратени во регионот.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас