Јелена Трупанов (50) и Ирена Тати (73) се двајцата заложници кои Хамас ги ослободи и сега се враќаат на територијата на Израел. Станува збор за мајка и ќерка.
Трупанов и Тати, кои имаат израелско и руско државјанство, беа киднапирани од Кибуц Нир Оз за време на нападот на Хамас на 7 октомври.
За време на нападот е убиен сопругот на Јелена, Виталиј, додека нејзиниот син Саша и неговата девојка Сапир Коен се уште се заложници, објави Тајмс оф Израел.