Израелските сили денеска убија две палестински деца во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Ал Џезира, повикувајќи се на палестинската новинска агенција Вафа, пренесува дека израелската армија привела повредено лице, кое со возило на брза помош е пренесено во болница.
🚨Israeli occupation forces prevent PRCS paramedics 🚑from reaching a besieged neighbourhood in Jenin Refugee Camp, despite the presence of injured persons who need help and whose life is threatened.#Jenin #NotATarget#IHL pic.twitter.com/ATCVDmBKHD
— PRCS (@PalestineRCS) November 29, 2023
Палестинската Црвена полумесечина сподели видео на социјалните мрежи за кое тврди дека покажува како израелската армија го блокира преминувањето на медицинските работници.
„Израелските окупациски сили ги спречуваат болничарите на Црвената полумесечина да стигнат до опколената населба во бегалскиот камп Џенин, и покрај фактот што таму има повредени луѓе на кои им е потребна помош и чии животи се загрозени“, соопшти Црвената полумесечина.