Лажни вести за траен прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците

Од:

Секретарот на израелскиот кабинет Јоси Фукс денеска ги оцени како лажни извештаите дека се разговара за можен договор за ослободување на заложниците од Појасот Газа во замена за продолжен прекин на огнот или прекин на војната против палестинската група Хамас.

„Секоја вест за договор за ослободување на заложниците што ќе доведе до крај на војната или продолжено примирје е лажна вест“, напиша Фукс на својот профил на X.

Претходно денеска, израелскиот министер за комуникации Шломо Кари му предложи на Фукс да престане да го финансира дневниот весник Хаарец, обвинувајќи го тој медиум е за „поразителска и лажна пропаганда“ против државата Израел.

Во саботата, Хаарец објави дека хеликоптер на израелските одбранбени сили (ИДФ), како одговор на нападот на Хамас на музичкиот фестивал Нова на 7 октомври, пукал врз присутните. Во писмото до Фукс, Кари го критикуваше Хаарец за уредувачката политика за војната и предложи државата да не склучува нови комерцијални договори со тој весник, да ги суспендира сите огласи во него и да ги блокира сите заостанати плаќања.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас