Израелските сили убиле двајца Палестинци на Западниот Брег, објави израелскиот весник Хаарец, повикувајќи се на неименувани извори од здравствените служби.
Според извештаите, едно лице е убиено во близина на градот Беитунија на Западниот Брег, а друго во блискиот град Рамала, пренесува Гардијан.
Израелските сили дигнале во воздух и куќа во кампот Дери Амар, западно од Рамала, а Ал Џезира пренесува дека станува збор за куќата на Дауд Абдел Разак Дарас, Палестинецот кој Израелците го убиле во август.