СЗО: Во Газа повеќе луѓе се изложени на ризик од болести отколку од бомбардирање

Од:

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека во Газа поголем број луѓе се изложени на ризик од смрт како последица на заразни болести, отколку од бомби, пренесува Ројтерс.

„Повеќе луѓе ќе умрат од болести отколку од бомби доколку не се подобри здравствениот систем“, изјави Маргарет Харис, претставник на СЗО.

Харис го опиша падот на болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа како трагедија и изрази загриженост поради приведувањето на медицинскиот персонал од страна на израелските сили.

Поради пренатрупаноста во јужниот дел на Газа и лошите санитарни услови, се шират болести како дијареа, респираторни и кожни инфекции, вклучително и шуга, изјави Ричард Бренан, регионален директор на СЗО за итни случаи во регионот на источниот Медитеран, пренесува АЛ Џазира.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас