Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека утре од девет до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“. кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации

Горан Наумовски

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница