Хана Кацир, за која палестинскиот Исламски џихад на почетокот на ноември тврдеше дека умрела во заробеништво, е жива и се врати дома, пишува Тајмс оф Израел.
Имено, семејството потврди дека Хана е меѓу 13-те израелски заложници кои денеска беа ослободени од Појасот Газа.
Хана беше киднапирана на 7 октомври за време на нападот на Хамас врз израелските општини.
Неодамна Исламски џихад објави дека „Хана е убиена во израелски напад“.
„Претходно изразивме подготвеност да ја ослободиме од хуманитарни причини, но непријателот застана и тоа доведе до нејзината смрт“, изјави тогаш Исламски џихад.