Спасовски: Во текот на изминатата недела приведени се над 60 лица по разни основи

Од:

Во текот на изминатата недела приведени се над 60 лица по разни основи, криумчарење мигранти, кражби, тешки кражби, недозволена трговија со дрога, физички пресметки, нелегално поседување оружје, грабнување, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот преку социјалната мрежа Фејсбук информира дека во текот на изминатата недела преземени биле засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

-По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 4828 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци. Остварени се 14 превентивни активности на теми превенција од илегална миграција и транспорт на мигранти со моторни возила, сајбер булинг (онлајн насилство), врсничко насилство и безбедност во училиштата, превенција од трговија и користење дрога, безбедно патување во зима, напиша Спасовски.

Би можело да ве интересира

Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор

Приведен германски државјанин баран со меѓународна потерница

Приведен арачиновец за издржување затворска казна

Приведен светиниколец баран со потерница за шестгодишна затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две години

ФБИ во Њујорк приведе пратеничка од руската Дума

А1он