Израелските сили синоќа уапсија најмалку 90 Палестинци на окупираниот Западен Брег, од кои 36 од селото Азун источно од Калкилија и бегалскиот камп Аруб, соопшти Здружението на палестински затвореници.
Меѓу уапсените Палестинци има и поранешни затвореници, пренесува Ал Џезира.
Како што се наведува, од почетокот на конфликтот на 7 октомври, на Западниот Брег се уапсени 3.130 Палестинци.