Иако беше најавено дека ослободувањето на израелските заложници кои ги држеше Хамас ќе започне во четврток, се чини дека тој рок е одложен.
Претседателот на Советот за национална безбедност, Чачи Ханегби, најави дека првите заложници нема да бидат ослободени до петок.
Високиот функционер на Хамас, Муса Абу Марзук, претходно денеска изјави дека договорот ќе стапи на сила во четврток во 10 часот, а еден час подоцна висок израелски функционер го потврди ова на брифинг со новинарите кој сакаше да остане анонимен.
Во својата последна изјава Ханегби најави дека „преговорите за ослободување на заложниците постојано напредуваат“.
„Ослободувањето ќе започне во согласност со првичниот договор меѓу страните, но не пред петок“, додаде тој.