Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека пронашле и уништиле околу 400 влезови во тунелите во Појасот Газа од почетокот на копнената офанзива на палестинската територија на 27 октомври.
Членовите на елитната борбена инженерска единица Јахалом одиграла значајна улога во уништувањето на тунелите на Хамас, исламската екстремистичка организација која владее со палестинската енклава.
Влезовите во тунелите се пронајдени длабоко во цивилната инфраструктура, вклучувајќи станбени згради, училишта, болници и други места, објавија израелските медиуми.