Договорот меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа е важен чекор во вистинската насока, но останува уште многу да се направи, изјави денеска портпаролот на генералниот секретар на ОН.
„Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на Катар и поддржан од Египет и САД. ОН ќе ги мобилизираат сите свои капацитети за да помогнат во спроведувањето на договорот и максимално да го искористат позитивното влијание на договорот врз хуманитарната ситуација во Газа“, додаде портпаролот.
И шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така, го поздрави договорот, додавајќи дека тоа не е доволно да се стави крај на страдањата на цивилите.
Гебрејесус бара ослободување на сите заложници и дека, во очекување на нивното ослободување, да се обезбеди здравствена заштита за сите останати во заробеништво. Тој повикува и на прекин на огнот за да може навистина да им се помогне на жителите на Газа, подолг временски период и во целосна безбедност.