Невработеноста во Македонија изнесува 28,8 проценти

Од:

Стапката на невработеност во Република Македонија во вториот кваратал од годинава изнесувала 28,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, стапката на невработеност бележи пад во однос на вториот кваратал од минатата година за 2,4 проценти, кога била 31,4 отсто. На крајот на 2012 година стапката на невработеност во земјава изнесуваше 31, а во 2011 година 31,4 проценти.

Во вториот кваратал од 2013 година бројот на невработени изнесувал 273.860 лица.

Од вкупниот број, 61,5 проценти се мажи, а 38,5 отсто жени. Според возраста, најголемиот дел 62 проценти се од 25 до 49 години, а според образованието најбројни меѓу невработените се со четиригодишно средно образование 111.441 лица. Невработени со високо се 40.967 лица.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница