Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои завршниот Мастерс во Торино, а ден подоцна веќе пристигна во Малага.
Таму ќе игра со Дејвис куп репрезентацијата на Србија и како тим ќе се обиде да ја круниса врвната сезона во која ги освои четири од петте најголеми титули.
Сега следува походот на новиот пехар, кој Србија го нема освоено од 2010 година, а прв противник е Велика Британија со почеток од четврток.
Пред тоа беше потребно накратко да се прослави титулата од Завршниот Мастерс, каде Ѓоковиќ демонстрираше „мајсторска класа“ со победи над Карлос Алкараз (6:3, 6:2) и Јаник Синер (6:3, 6:3) во полуфиналето и финалето.
🙌 FANS warm welcome as @DjokerNole returns to the hotel in Turin 🇮🇹
🤗 Idemo, Maestro❣️ Bravo, N8LE❣️
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) November 20, 2023
Публиката во салата Пала Алпитур го почести со свирежи на мечевите со Синер, но дел од навивачите на Новак се собраа пред хотелот во Торино каде се сместени играчите, па обезбедувањето мораше да го „одбрани“.
🤳 @DjokerNole delighting the fans in Turin tonight 👊
Grazie, N8LE❣️ You are the BEST❣️ pic.twitter.com/BtHbkrIu0j
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) November 20, 2023
Се разбира, не буквално, бидејќи никој немаше намера да му наштети на српскиот играч, но гужвата беше голема, а имаше и прегратки, извици „Ноле, Ноле“ и „Ајде одиме“.
Ѓоковиќ одеше по ред кај навивачите и потпишуваше разни предмети, давајќи автограми и фотографирајќи се со толпата во Торино.