„Лекари без граници“: Нападната е една од нашите клиники во Газа

Од:

„Лекарите без граници“ соопштија дека денес e нападната една од нивните клиники во градот Газа.

„Во градот Газа, нашата клиника утринава беше под оган. Нашите колеги видоа како се урна ѕид и дел од зградата зафатен од пожар, додека насекаде се водеа тешки борби. На улицата беше забележан израелски тенк“, напишaa на Х од „Лекарите без граници“.

„Четири од нашите автомобили изгореа. Петтиот автомобил, паркиран од другата страна на улицата, беше скршен на два дела како да е згмечен од тежок камион или цистерна. Сите автомобили и клиниката се јасно означени со нашето лого. Член на персоналот и 20 роднини биле на клиниката – нивниот статус не е познат. Над 50 други луѓе, вклучително и нашиот персонал, се во блиските згради, а на еден ранет му е потребна медицинска помош“, велат од „Лекарите без граници“.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рахаф

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Пронајдени се телата на уште тројца заложници во Газа

Најмалку 35 Палестинци загинаа во Појасот Газа

Вафа: 20 лица загинаа во воздушен напад врз бегалски камп во Газа

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот на Белата куќа е во регионот

Горан Наумовски