Израелската војска објави надзорна снимка за која тврди дека покажува како Хамас ги носи заложниците, кои беа киднапирани на 7 октомври, во болницата Ал Шифа во Газа.
These findings prove that the Hamas terrorist organization used the Shifa Hospital complex on the day of the October 7 Massacre as terrorist infrastructure. 2/2 pic.twitter.com/2UzlpKrNnv
— Israel Defense Forces (@IDF) November 19, 2023
Сè уште никој не ги потврдил овие наводи независно, а на снимката се гледа како вооружени мажи насилно внесуваат луѓе. На едната се гледа како наводниот заложник го водат до главниот влез на болницата. На второто видео се гледа ранет маж на носилки.
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, кој го претстави ова видео, вели дека тоа е конкретен доказ дека Хамас земал заложници во болницата Ал Шифа.
ИДФ беше под притисок да го поткрепи своето тврдење дека Хамас управувал со команден центар под огромен медицински комплекс во северна Газа.
Израелската војска вели дека видеото јасно докажува дека Хамас користи бројни згради во болничкиот комплекс како фронт за терористички активности.
Хамас ги отфрли овие обвинувања.