Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека неколку Палестинци се загинати, а има и повредени во израелски напад кој погоди група раселени луѓе во близина на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет – транзитна точка за помош.
Телевизијата Ал Џезира цитира извори кои велат дека во нападот загинале девет лица. Засега нема коментар од Израел за пријавениот напад, а Ројтерс не можеше да го потврди тоа.
Израел пак објави дека неговите војници пронашле отвор за тунел што го користел Хамас во болницата Ал Шифа во северниот дел на Појасот Газа.
Болницата, преполна со пациенти и раселени луѓе и која се бори да продолжи да работи, беше главен фокус на глобалната загриженост оваа недела. Израел вели дека Хамас има складирано оружје и муниција и држи заложници во мрежа од тунели под болниците како Шифа, користејќи пациенти и луѓе кои се засолнуваат таму како жив штит. Хамас го негира ова израелско тврдење.