Претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ на крајот на својот мандат на генералниот секретар, Бан Ки Мун денес му подари икона на Свети Сава.
Јеремиќ на својот профил на „Твитер“ ја постави фотографијата од врачувањето на подарокот.
Тој вчера се прости од Генералното собрание на ОН и едногодишниот мандат и истакна дека му претставувало чест што имал можност да му служи на светот во името на својот народ.
Јеремиќ истакна дека по завршување на ангажманот во светската организација ќе се врати во Собранието на Србија како независен пратеник, како и дека планира во Белград да остнова институт кој што ќе се занимава со стратегија за развој во 21 век.
Елена Георгиевска