Агенцијата за хуманитарни права на Обединетите нации денеска соопшти дека епидемиите на болести и глад изгледаат неизбежни по неколкунеделните израелски напади врз густо населениот град Газа.
Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк предупреди, по неговата посета на Блискиот Исток, за сериозноста на ситуацијата, пренесе Ројтерс.
– Недостигот на гориво би претставувал катастрофа низ Газа, тоа би довело до колапс на канализационите системи, здравствената заштита и крај на испораката на хуманитарна помош, рече тој.