Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за усвојување на нацрт-резолуција од Малта со која се повикува на хуманитарна пауза во борбите во Газа и поголеми напори за да се дозволи хуманитарната помош да стигне до регионот погоден од војна.
За резолуцијата гласаа 12 земји, а воздржани беа САД, Русија и Обединетото Кралство.
Без спротивставени гласови, претседателот на Советот за безбедност Џанг Џун објави дека резолуцијата е усвоена.