Палестинското движење Хамас се согласи со основите на договорот со Израел, според кој Палестинците ќе ослободат 50 заложници во замена за тридневно примирје во Појасот Газа.
Според Ројтерс, според договорот, Израел ќе треба да ослободи и одреден број палестински жени и деца од израелските затвори и да го зголеми дозволениот проток на хуманитарна помош за Појасот Газа.
Сепак, официјалниот претставник изјави дека израелските власти се уште не се согласиле со условите од договорот и дека се уште преговараат за деталите, пренесе ТАСС.