Во полициската канцеларија во Пехчево пријавено е дека околу 11.20 часот на место викано „Голем Требомир“, врз С.Ц.(56) од Пехчево, вработен во Шумско стопанство за време на извршување на работни задачи, паднало буково стебло.
„Од здобиените повреди тој починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово“, извести полицијата.