Израелската армија (ИДФ) денеска ја урна зградата на Парламентот во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“. На снимките објавени на социјалните мрежи наводно се гледа моментот на експлозијата.
After Golani soldiers photographed themselves inside, the IDF demolished Gaza's parliament building. This video is reported to be from the blast. pic.twitter.com/K2hceFxEYB
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 15, 2023
ИДФ претходно соопшти дека зазеле голем број владини згради на Хамас во градот Газа, вклучувајќи го Парламентот, владиниот комплекс и полицискиот штаб.