Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го критикуваше упадот на Израел во болницата Ал Шифа како „целосно неприфатлив“. Тедрос Гебрејесус рече дека пред овој конфликт имало 3.500 болнички кревети низ Газа, а сега има околу 1.400.
„Нема ажурирање за бројот на смртни случаи во последните три дена“, додаде тој, истакнувајќи дека тоа ја отежнува проценката на состојбата на здравствениот систем во Газа.
Претходно денеска тој рече дека извештаите за влегувањето на израелските одбранбени сили во болницата се „длабоко загрижувачки“.