(ВИДЕО) Болницата Ал-Шифа е гробница: умираат бебињата извадени од инкубатор, пациентите на интензивна нега и на дијализа

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата во Газа е слична на гробишта и дека телата на загинатите тешко можат да се закопаат, пренесува Би-би-си.

Болницата Ал Шифа во северниот дел на Газа е на првата линија на интензивни борби во последните неколку дена, додека израелските одбранбени сили (ИДФ) цврсто тврдат дека командата на Хамас се наоѓа во тунелите под болницата. Хамас и болницата го негираат ова. Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, рече дека повеќе од 600 луѓе се уште се во болница.

“Во болницата има мртви тела за кои никој не може да се грижи, па дури и да ги закопа или однесе во мртовечница. Болницата веќе воопшто не работи нормално. Практично стана гробишта”, додал Линдмајер. Лекарите велат и дека телата се натрупуваат и гнијат во болницата.

Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија за Би-Би-Си изјави дека израелските власти се уште не дозволуваат телата во фаза на распаѓање да се изнесат од болницата, па кучињата почнале да влегуваат и да ги јадат.

Расте загриженоста и за судбината на десетици предвремено родени бебиња кои повеќе не можат да се потпрат на инкубаторите поради прекините во снабдувањето со електрична енергија. Селмија вели дека седум новороденчиња веќе починале поради недостаток на кислород. Тој изјави за АФП дека најмалку 179 тела се закопани денеска во масовна гробница ископана во болничкиот комплекс Ал Шифа, меѓу кои и седум бебиња.

Тој нагласи дека денеска на одделението за интензивна нега починале еден маж и една жена, што е вкупно 29 пациенти кои починале на тоа одделение откако во саботата беше исклучена струјата. Израелската армија соопшти дека го координира префрлањето на инкубаторите во Газа, за да може новороденчињата да бидат евакуирани.

И Марк Регев, висок советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека Израел нуди практични решенија за евакуација на новороденчињата и го обвини Хамас за несоработка.

Би можело да ве интересира

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

Паралелно со нападите врз Либан, Израел продолжува да ја бомбардира Газа

Дали е убиен лидерот на Хамас Јахја Синвар – израелската војска ги истражува разузнавачките информации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Македонија воздржана за Резолуцијата за повлекување на Израел од Газа и Западен брег

Катерина Ѓуровски